Не можам повеќе. треба совет од некој кој минал низ ова
Не можам повеќе. треба совет од некој кој минал низ ова.. жена ми сака да продолжиме,, јас сакам да запреме за малку.. најмалку три месеци пауза. Тетово. Јас 44,, таа 41,, дете тинејџер 14 години. Јас имам мала фирма за изолации,, таа е во банка. Брак осумнаесет години. Отворен однос од минатата година. Имавме контакти со три пара,, едниот континуирано последните пет месеци.. Проблемот.. умор. Не физички,, ментален. Постојано планирање,, пораки,, координација,, погодување кога може и кога не може,, кога ќе дете,, кога ќе работа,, кога ќе нивни деца. Пораки на WhatsApp до полноќ.. возење до Гостивар во неделата.. сè ми е премногу.. Жена ми вели — оти ти беше иницијатива.. и тоа е точно.. јас бев тој што го отвори разговорот пред две години.. сега јас сум тој што сака пауза и тоа изгледа како предавство од моја страна. Но навистина не можам.. секоја вечер кога ќе се вратам од работа и треба да координирам нешто со некој,, ми се крева крв во главата.. не сум ваков човек.. бев,, нема ме веќе тука.. Како да и објаснам без да изгледа како дека сакам да го затворам сè завинаги?? Сакам пауза. не крај. но и таа разлика не сум сигурен дека таа ќе ја види. совети??